Во акција реализирана утрово, СВР Охрид пронајде и одзеде торбица со опојна дрога марихуана и приведе еден македонски и пет албански државјани. Торбицата е пронајдена во автомобил марка „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано по булеварот „Железничка“ во Охрид  од В.В. (55) од Гевгелија.

  • Акцијата, во која се пронајдени и одземени и други предмети, е реализирана поради постоење основи на сомнение дека сега приведените, се сторители на казненото дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пронајдената торбица со марихуана и останатите предемти, се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид дополнително презема и други мерки за целосно документирање и расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

OhridNews