Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер не престанува со скандалите, и според странските медиуми, шведската полиција во неговиот автобус пронашла помала количина дрога и пиштол за електро шок. Канадскиот пејач во средата во главниот град на Шведска одржал концерт, а неговиот автобус бил паркиран во самиот центар на градот.

Откако еден од полицајците намирисал марихуана, била извршена контрола во автобусот кој во тој момент бил празен. Засега никој не бил приведен, а пронајдената дрога била однесена на анализа како би се утврдил нејзиниот состав. Пејачот моментално престојува во Европа во рамките на својата турнеја “Believe”. Неговиот следен настап е во Финска.