635 огномети се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Дортмунд-Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, соопшти Царинската управа.
Непријавените пиротехнични средства биле пронајдени во патна торба сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот.
OhridNews