Министерството за Внатрешни работи – Секторот за Недозволена Трговија со Дрога во содејство со Царинската Управа на РМ по преземени мерки реализираа случај на недозовлена трговија со дрога при што запленети се 1 кг 300 гр хероин и од слобода се лишени две лица, македонски државјани, при што е пресечен меѓународен канал.
На 15- ти јули на граничниот премин Табановце на излез од Македонија по претхоно добиено сознание, во автобус кој се обраќал на редовна автобуска линија Струга – Луцерн, Швајцарија од страна на царински службеници од Царинската Управа на РМ извршен е претрес и преглед на патници и багаж при што во дупло дно на куфер со залепена карта за багаж на рачката во сопственост на лице од Кичево, патник во автобусот пронајдени се 4 црни најлонски пакувања со непозната прашкаста материја за кое што утврдено е дека се работи за наркотична дрога хероин.
Имено, истиот за одреден паричен надомест од 1500 евра бил ангажиран да го изврши транспортот до Швајцарија од страна на лице од Гостивар кој бил организатор на транспорт кој исто така патувал во истиот автобус и седел во непосредна близина на лицето- транспортер.
Одземената прашкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, за понатамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна маса од 1 кг 258 грама.
Од страна на Секторот за Недозволена Трговија со Дрога до ОЈО Куманово поднесена е кривична пријава против двете лица за сторено кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
OhridNews