Неуреден влез, уништена инфраструктура, руинирани санитарни јазли, неисчистени контејнери, расфрлано ѓубре насекаде. Ваква е сликата во авто кампот „Андон Дуков“ денес. Ова некогаш убаво и мирно место денеска е сосема непрепознатливо.
Рецидив од некогашниот социјалистички туризам авто кампот „Андон Дуков“ сега повеќе наликува на сцена од некаков хорор филм. Освен сопствениците на неколкуте бунгалови и по некој носталгичен рекреативец, во кампот нема други посетители.
Состојбата во „Андон Дуков“ не се промени ниту по носењето на Законот за авто кампови, најмногу заради нерешените имитно правни односи околу сопственоста на земјиштето и објектите таму. Во меѓувреме голем дел од просторот им беше вратен на приватни сопственици со денационализација. Поради тоа актуелната локална самоуправа се откажа од идејата кампот „Андон Дуков“ да прерасне во зона за развој на здравствен туризам. Таа во 2014 година најави дека овој простор ќе се урбанизира и тука ќе се градат резиденцијални објекти, но од тоа нема ништо.
Г.М.