Во Австрија се започна со работа на конструкција која можеби ќе биде и најдолгиот висечки мост за пешаци на светот. Мостот би можел да привлекува луѓе желни за авантуризам, бидејќи дава можност за прошетка по конструкцијата која се ниша на висина од 110 метри.
Ќе биде изграден во тиролското место Реуте. 403 метри долгиот мост ќе чини 1,8 милиони евра ќе ќе ги поврзува рушевината на големата средновековна тврдина Ехренберг и рушевината на тврдината Форт Клаудиа од 17 век. По завршувањето на изградбата гратчето ќе бара сврстување на мостот во Гинисовата книга на рекорди. За премин преку мостот ќе се наплаќа од пет до осум евра.