Роденденските свеќички накоро би можеле да бидат забранети во Австралија поради предложените здравствени мерки кои наведуваат дека дувањето свеќи носи ризик по здравјето на децата поради можното ширење на зарази. Австралиската министерка за здравство Тања Пилбершек рекла дека нема да постои „полиција за торти“ која ќе ги посетува детските роденденски забави, но дека новиот роденденски водич предвидува повеќе торти на забавите, во суштина по една минијатурна за секое лице. Алтернативен пристап се електричните свеќички.

Таа уште додала дека водичот за здрав живот на децата би требало да даде практични идеи на градинките и родителите како да ја спречат епидемијата на вирус која е присутна меѓу децата. Таа рекла дека мораат да бидат разумни кога се работи за здравјето на децата.