Група научници во австралисктото палеонтолошко наоѓалиште Риверслејџ во Квинсленд го открила настраиот примерок фосилизирани сперматозоиди на ситни ракови кои живееле пред 17 милиони години. Палеонтолозите сперматозоидите ги пронашле во остатоци од ракчињата кои живеле во слатки води. Риверслејџ е светски познато наоѓалиште на фосили и датира од периодот на миоценот.

Пронаоѓањето на волку стари и вака добро сочувани фозилизирани сперматозоиди за научниците било потполно неочекувано. Откритието било исклучително и поради тоа што пронајдените сперматозоиди биле големи во однос на големината на ракчињата. Научниците со помош на рендгенски зраци проучиле 66 пронајдени фосили. Еден од нив рекол дека најинтересно било тоа што може да се заклучи дека начинот на размножување на овие ситни ракови до денес останал речиси неизменет.