Многу редок природен бисер, стар 2000 години, откриен е за време на археолошки ископувања на западот на Австралија, соопштиле научниците од универзитетот Вологонг. Археологот Кејт Сабо изјавила дека природните бисери се многу ретки и досега никогаш не бил пронајден таков примерок во Австралија.

 

Бисерот е со речиси совршен тркалезен облик со розев сјај и пречник од околу пет милиметри. Староста на бисерот е одредена со помош на рендген и споредување со други бисери. Бисерот се наоѓал во јама со отпад која се користела за ритуали. Бисерите никогаш немале истакнато место во културите на австралиските домородци, а понекогаш се користеле за некои ритуали како што е повикување дожд во сушни периоди. Овој бисер ќе биде изложен во Поморскиот музеј во Перт.