Група палеонтолози од Универзитетот Квинсленд открија во северозападниот дел од Австралија, огромни траги на тревопсаниос заупропод, пренесува „The Washington Post“, јавува „Макфакс“.

Научниците до ова откритие дошле во крајбрежниот регион Џејмс Прајс Поинт. Должината на „стапалката“ на диносаурусот изнесува 1,6 мети. Вкупно досега научниците успеале да регистрираат отпечатоци од 21 вид од древните влекачи.

„Никаде на светот не сум видел толкава различност. Покрај тоа, сите овие сведоштва се овековечени во камен“, ги сподели истражувачот Стив Сослбери своите импресии.

OhridNews