Австралиецот кој бил обесен поради силување и убиство на 12 годишно девојче, ослободен е од обвинувањето после 87 години откако е погубен.

„Ова е трегичен случај на правосудна грешка која резултирала со бесење на невин човек“, изјавил Роб Хулс, главен обвинител во сојузната држава Викторија.


„Овој случај исто така дава предупредување на сите оние кои веруваат дека смртната казна има место во нашиот правосуден систем“, додал тој.

Колин Рос е осуден за делото бидејќи се претпоставувало дека влакно пронајдено во неговиот дом му припаѓало на убиеното девојче. Иако постоеле сведоци кои го виделе на друго место за време на злосторот, прогласен е виновен и погубен со бесење во 1921 година.

Случајот неодамна повторно беше отворен после големата кампања на потомците на Рос. Со форензички испитувања е докажано дека влакното поради кое е погубен, не му припаѓало на несреќното девојче.