Целите на Советот се’ да ја претставува македонската заедница пред Федералните власти на Австралија и да помага во развитокот и зацврстувањето на македонската култура, традиции, обичаи и македонскиот јазик. Исто така Советот има за задача да одржува тесни врски со матичната држава Македонија.
Во Австралија формиран Македонски национален совет
Гости на состанокот беа генералниот конзул на Македонија од Мелбурн, Саво Сибиновски, претставници на Комитетот за човекови права и Обединета македонска дијаспора. Сите заедно се сложија да соработуваат заедно без да се навлегува
во поединечните активности на институциите. За претседавач на Советот е избран проф. д-р Миле Терзиевски, информираат иницијаторите.