Како што и се очекуваше, за разлика од претходните изборни циклуси, Македонците од Австралија, не покажале некој особен интерес да излезат и да гласаат на изборите за претседател на Северна Република Македонија. Порталот на македонски јазик Фаланга, дури напиша дека дијаcпората во Мелбурн ги бојкотирала изборите. Според порталот тие се разочарани поради смената на името на државата, но и поради, како што се наведува, досегашниот игнорантски однос на власта и опозицијата, како сегашнава, така и претходната.

Во главниот град Мелбурн, биле пријавенни само 66 гласачи, од кои 37 се појавиле на избирачкото место.

Во Канбера гласале само 16 гласачи, а од Аделаид, Перт и Бризбен не излегол ниту еден гласач.

Со оглед на фактот дека илјадници Македонци во Австралија имаат право на глас и важат за најбројна дијаспора во светот, ова е поразитрлен резултат, поради што сите треба да се запрашаат зошто е тоа така?, пишува порталот.

Претставници на ДИК, допатувале од Македонија за да го спроведат изборниот процес во Мелбурн.

Зарем не е срамно да се трошат толкави суми пари за изборни комисии да доаѓаат дури од Македонија, ако знаеме дека истите можат да се формирани од луѓе кои се веќе овде како партиски, така и надпартиски, прашува порталот.

OhridNews