Во авионската несереќа, што денеска се случи во Западна Русија, загина полскиот претседател Лех Качински. Авионот „Tу-154“ летал од Варшава и се урнал во близина на аеродромот Смоленск, пренесуваат светските агенции. Во несреќата загинале вкупно 87 патници, меѓу кои претседателот на Полска и неговата сопруга.


Лех Качински

Претседателот Качински патувал во Смоленск да учествува на одбележувањето на 70-годишнината од масакрот во Катин, кога Советските трупи убија илјадници Полјаци.

OhridNews