Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто.

Државниот завод за статистика денеска објави дека споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци зa 0,3 отсто и Ноќевања за 0,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5 проценти, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6 проценти, информира ДЗС.

OhridNews