Камен темелникот на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник ќе биде поставен во август.

Како што за Ohridnews изјави директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, археолошките истражувања на овој локалитет се во завршна фаза и се очекува целосно да бидат завршени на крајот од овој месец. Во тек се и конзерваторско- реставраторски работи и геомеханички истражувања на теренот од страна на ИЗИС. Со тоа се врши подготовка на теренот, по што ќе следи распишување на тендер за избор на изведувач. По завршувањето на оваа постапка ќе се реализира поставувањето на камен темелникот на Свети Климентовиот универзитет.

Интензивно се работи и на Музејот на вода каде во наредните два месеци ќе бидат подигнати останатите 16 куќички од вкупно планираните 24. Промовирањето на овој простор исто така се очекува да се случи во месец август.

Согласно годишната програма, деновиве се очекува да привршат и археолошките истражувања на Самоиловата тврдина. Задоволни сме од текот на работите и наодите кои таму се откриени, рече Паско Кузман.

Т. К.