Општо познато е дека Авганистан е водечки произведувач на опиум во светот. Но помалку познато е тоа дека меѓу илјадниците корисници има се повеќе жени и деца.
Центрите за рехабилитација во Кабул секој ден се преплавени од зависници од сите возрасти. Производството на мак за многумина е едниствен извор на приходи. Опиумот кој се добива од него е многу лесно достапен. Мајките често го користат за смирување на нивните деца.