Две непознати лица на мотоцикл, утрово, фрлиле граната пред амбасадата на Франција во Атина, притоа полесно повредувајќи полицаец. Антитерористичката единица ја води истрагата за овој напад кој се случил малку пред 4 часот утрото на една од централните големи авении во грчката престолнина Атина, наспроти зградата на парламентот.

Полицаецот кој се наоѓал пред стражарската куќичка за заштита на главниот влез во амбасадата е хоспитализиран, но само полесно е повреден во нозете.
Експлозијата предизвикала само мало оштетување на влезната порта на територијата од француската дипломатска мисија. Полицијата и натаму ја блокира улицата пред амбасадата.

Иследниците не ја исклучуваат можноста нападот да е поврзан со јакнењето на крајната десница, ден откако претседателката на Националниот фонт, Марин Лепен го поздрави изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

OhridNews
извор Макфакс