Пред неполн месец на средба на градоначалниците од регионот и министерот за животна средина Неџати Јакупи, што се одржа во Струга, беше најавено дека е постигната согласност од сите општини за изградба на регионална депонија. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко при тоа спомна пет можни локации за изградба на депонијата, а како најверојатна ја посочи околината на селото Арбиново – охридско.
Таквите најави предизвикаа негодување кај месното население кое се противи на изградбата на регионална депонија во Арбиново. Тие деновиве покренаа и on-line петиција против изградба на депонијата во Дебрца.