Во полициска акција попладнево околу 16ч. во Арачиново, застрелан е Насер Небија, осомничен за убиството на полицаецот во Автокоманда, Зоран Марковски, соопшти МВР.

Небија пружил вооружен отпор при обид за приведување во неговиот дом во Арачиново , на што полицијата возвратила. Во престрелката со полицијата Насер Небија бил убиен.

Осомничениот за убиството на полицаецот во Автокоманда,  Насер Небија,  како што пренесува МИА, бил  осуден на казна затвор во траење од 10 години за грабнување и силување и се бараше со судска потерница  во траење од седум години и шест месеци. Тој исто така бил  осомничен и за повеќе кривични дела, тешки кражби, разбојништва, кражби на возила.

ohridnews