Априлската сметка корисниците треба да ја платат најдоцна до 15 мај годинава, а фактурата од март ќе треба да се плати како и досега до 15 април.
Според новиот начин на наплата, читањето на броилата ќе се врши во четири периоди, утврдени според различни реони и ќе се однесува за период од 30 дена. Доставата на фактурите повеќе нема да ја вршат вработените на ЕВН, туку за тоа ќе биде задолжена Македонска пошта.
Новина е тоа што од годинава, можно е и за една неплатена сметка потрошувачот да биде исклучен. По истекот на рокот за наплата од 45 дена доколку потрошувачот од ЕВН Македонија добие опомена, тој треба до утврдениот датум да ја подмири обврската.