Околу два милиона луѓе се евакуираат од приморските градови Мијазаки, Кагошима и Амакуса пред налетот на супер тајфунот Нанмадол.

Тајфунот Нанмадол денеска го погоди Кјушу, најјужниот од четирите главни острови во Јапонија. Железничките компании ги откажаа возовите во регионот, а околу 950 малопродажни објекти се привремено затворени.

Нанмадол е 14 тајфун во сезоната, а од Заедничкиот центар за предупредување за тајфуни на американската морнарица е класифициран како супертајфун.