Спогодбата за укинување на визниот режим меѓу Македонија и Албанија почна да се применува од вчера попладне што наиде на одобрување кај граѓаните од двете земји. Најзадоволни сепак се граѓаните од пограничните региони, особено Охрид и Струга, каде во последно време чести гости се жители на Албанија. Ова лето голем беше и бројот на македонски граѓани кои годишните одмори ги минаа во Албанија. Се очекува спогодбата за укинување на визниот режим меѓу Македонија и Албанија, која беше потпишана во февруари, да придонесе и во развојот на економијата, трговијата и меѓусебната соработка во сите области.
Во Албанија од денеска без визи
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com