Во акцијата за доброволно дарување крв, што по повод светскиот ден на крводарителството 14 јуни се одржа на градскиот плоштад до 16:40 часот собрани се 20 единици крв, соопшти Црвениот крст Охрид.
Како што не информираше секретарот на организацијата Антонио Додевски, акцијата иако беше предвидено да заврши во 15 часот, ќе продолжи и во попладневните часови.
Инаку во иднина крводарителите ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација, најави денеска министерот за здравство Имер Селами по отварањето на новиот Оддел за прибирање на крв од доброволни дарители при Републичкиот завод за трансфузиологија.
– Партиципацијата останува како бенефит на крводарителите и таа е дел од владината програма, рече Селмани одговарајќи на новинарско прашање дали ќе им се вратат одземените бенифиции на крводарителите.
Г.М.