Националната Арена Тодор Проески, со која стопанисува АДСДП, вчеравечер беше осветлена со факели од страна на навивачката група Комити. На овој начин симболично беше означен успехот на акцијата „Спас за Вардар” преку која беа продадени 32 000 билети. Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот, соопшти АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје.
Оттаму информираа дека билетите биле продадени онлајн, а настанот согласно ковид-протоколите, бил одржан без публика. АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, потенцираат оттаму, како општествено одговорна фирма и поддржувач на македонскиот фудбал, даде активен придонес во организирањето на настанот.
„Црвено црните“ и покрај големите проблеми се екипираа, одбработија мини подготовки во Охрид и ги наместија коцките за „вечното“ дерби со битолски Пелистер. Мечевите од Првата лига се играат в недела, во 14 часот.
OhridNews