По повод 45-годишнината од постоењето на КУД „Ѓердан“, денеска беше промовирана јубилејна монографија за најстарото културно уметничко друштво во Охрид. Во монографијата се поместени информации за историјатот и настапите на КУД „Ѓердан“ на бројни фестивали и светски турнеи од 1968 година до денешно време.

Директорот на КУД „Ѓердан“, Методија Баракоски – Менде, истакна дека ова претставува голем јубилеј за друштвото, бидејќи низ 45-годишното постоење „Ѓердан“ станa расадник на бројни фолклористи и врни уметници.

Во овааа монографија има толку многу спомени. Ова е голем јубилеј затоа што доаѓаат нови генерации кои ќе се дружат и во иднина ќе напишат нешто поголемо. Монографијата нека биде увертира во писмениот запис. Јубилејот е прекрасен за сите членови на КУД „Ѓердан“, стари и млади, ветерани и оние кои не се меѓу нас.“ – истакна Баракоски.

Монографијата ја состави етнологот Оливера Мишева, која вели дека се работи за едно истражување низ времето со кое се открива целиот равој на КУД „Ѓердан“, од неговото раѓање до денес.

Четири и пол децении работа е голем труд и влог. Задоволство ми беше бидејќи многу од старите членови ми излегоа во пресрет, соработуваа и несебично ги споделуваа сите моменти и сеќавања кои ги доживеале во Ѓердан. Ова друштво носи голем багаж, четири и пол децнии негување на народната песна, игра и обичаи. Ѓердан носи една историска задача и без оглед на проблемите со кои се соочувале низ целото постоење, ќе продолжи да ја живее оваа мисија. Се работи за зачувување на нашето етнолошко наследство.“ – истакна Мишева.

Инаку, на настанот присустуваа голем број пријатели на КУД „Ѓердан“ од соседните земји, а свеченостите ќе бидат заокружени со голем концерт кој ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

O.T.