Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2021 година, на територијата на државава се регистрирани 739 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување (28.4 %), 102 доградби, надградби и адаптации (13.8 %), 73 деловни објекти (9.9 %), 29 гаражи (3.9 %), 128 огради (17.3 %), 6 скалила (0.8 %), 6 тераси (0.8 %), 6 летни тераси (0.8 %), 71 натстрешник (9.6 %), 23 времени објекти (3.1 %) и 85 помошни објекти (11.5 %). Најголем број бесправно изградени објекти (95.7 %) се во приватна сопственост.

Во Охрид во 2021 година бесправно се изградени 70 објекти од кои 13 објекти за домување, 12 доградби, надградби и слични адаптации, 2 деловни објекти, 17 огради, скали 1, тераси 1 и летна тераса 1, настрешници девет, седум времени објекти и шест помошни објекти, велат податоците од ДЗС.

Во Струга, пак, според податоците на ДЗС бесправно се изградени 34 објекти од кои 10 објекти за домување, 4 доградби, надградби и слични адаптации, 6 деловни објекти, 2 гаражи, 8 огради, 3 настрешници и еден помомшен објект.

OhridNews