Во месец јуни, поточна на 30. јуни оваа година, ќе имаме една секунда повеќе во денот, така да часот пред полноќ ќе трае вкупно 3601 секунда. Како и престапните години, престапните секунди се случуваат како нашите временски машини би се усогласиле со природата.

 

Престапни години имаме затоа што на Земјата не и требаат точно 365 дена за да сврти околу Сонцето. Но, бидејќи земјината ротација постепено забавува, периодично се појавува „заостаната“ секунда, пишуваат стручните списанија. Таа работа ја следат и извршуваат експерти од светските опсерватории како би се усогласиле нашите часовници со забавеното движење на Земјата околу својата оска.