Според извештајот Конфликт барометар, на Институт за истражување конфликти од Хајделберг, Балканот се опишува како „воглавно изгаснато кризно жариште“.

Најлоша оценка, ознака конфликт со интензитет 4 добила кризата Русија-Кавказ додека што се однесува на Балканот , интензитетот 3 (криза со насилства) оценети се кризите Србија – Косово и Македонија со албанското малцинство, каде постои тенденција на пораст.

Германскиот институт како „најтешки“ кризи во Европа со интензитет 3, ги наведува конфликтите на Русија со опозицијата, кризата меѓу Велика Британија и Северна ирска, но и Романија со опозицијата.

Минатата година институтот евидентирал 399 конфликти ширум светот, за 9 повеќе од 2011 година – од тоа 8 војни, 25 ограничени војни, 43 поголеми насилни конфликти и 165 насилни кризи. Бројот на конфликти во Европа останал непроменет во однос на 2011 година на 58, и најголем дел се оквалификувани како ненасилни судири.

OhridNews