Според податоците од Државниот завод за статистика индексот на цените на мало во 2010 година, во однос на 2009 година, бележи пораст од 2,6 отсто, додека кај индексот на трошоците на животот има пораст од 1,6 отсто.

Индексите на цените на мало и на трошоците на животот во декември 2010 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,7 проценти. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, за декември 2010 година изнесува 12.342 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 1,1 отсто.

OhridNews