Посебниот Закон за Охрид и охридскиот регион ќе биде донесен во 2009 година најави Министерството за култура.
Законот е во подготовка информираше министерката Елизабета Канчевска-Милевска. Таа ја презентираше обемната програма што Министерството за култура има намера да ја реализира во 2009 година. Меѓу приоритетните проекти е и доградбата на уште 16 праисториски куќички од наколната населба во Заливот на коските кај Градиште, а ќе се работи и на проектната програма за обнова на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.