Во јули годинава во државава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33.6  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 000 денари, што е за 71.7  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Во Охрид биле издадени 15 одобренија за градба, осум на физички лица и седум на деловни субјекти. Предвидена е градба на 161 стан, од кои 5 еднособни, 83 двособни, 68 трособни, 4 четорособни и еден седмособен. Вкупната корисна површина изнесува 9 891 м2. Во Струга во овој месец издадени се две одобренија за градби, едно на физичко лице и едно на деловен субјект. Вкупната корисна површина изнесува 24 м2, велат податоците на ДЗС.

Во извештајниот период, на ниво на држава, предвидена е изградба на 808 станови, со вкупна корисна површина од 66 044 м2. Најголем број станови ќе се градат Пелагонискиот регион, 207, по што следуваат Југозападниот, 191, Скопскиот, 119, источниот 115, Полошкиот, 110, во Југоисточниот 49, а Североистолнот повторно е со најмалку,  односно пет.

Н.С.Ј.

извор. ДЗС