Во „Јахја Кемал”- Струга се организираа низа активности насловени како „Недела  на јазиците” каде  беа претставени македонскиот јазик и литература, а воедно и  македонската традиција и култура.

Учениците  од основното и средното училиште преку бројни проекти го претставија  развојот на македонскиот јазик и литература преку Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески до денес, велат од училиштето.

Истовремено, додаваат, ја испочитуваа и македонската историја, македонската носија и традиционалната вкусна македонска храна на која никој од гостите не остана рамнодушен.

OhridNews