Употребата на огнено оружје претставува голем ризик за безбедноста по тој што го употребува, како и општа опасност по животот и телото на сите граѓани кои се присутни на веселбата како и во пошироката околина, предупредуваат од Одделението за превенција при СВР Охрид. Оттаму посочуваат дека неовластената употреба на оружје на јавно место и предизвикувањето на општа опасност претставува кривично дело и прекршок кој е санкциониран со позитивните законски прописи.
Полицијата во рамки на своите законски овластувања во тековниот период ќе презема засилени активности заради надминување на овој проблем и против лицата кои употребуваат било каков вид на оружје ќе се преземаат соодветни законски мерки, соопшти СВР Охрид, од каде апелираат до сите граѓани да се воздржат од било каква употреба на огнено оружје.
Внимавајте славеничките куршуми убиваат!
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com