Со започнувањето на грејната сезона многу често се депонираат недогорени остатоци од отпад , со што контејнерите се запалуваат, а запалениот отпад предизвикува големи оштетувања на возилото на ЈП Комуналец за транспорт на отпадот.
Несоодветно се одлага и зелениот отпад, кој се остава во контејнерите, со што истите за кратко време се преполнати, а со тоа граѓаните немаат можност да го депонираат отпадот од домаќинствата.
Овие појави претставуваат опасност по животната средина и поширокото население, па затоа од Ј.П.”Охридски Комуналец” упатуваат апел до граѓаните да внимаваат што фрлаат во контејнерите.