Снежната покривка и ладното време се уште создаваат проблеми во нормалното функционирање на градот. Лизгави и затрупани со снег тротоари, нерасчистени улици по кои колите буквално лазат стана секојдневје на охриѓани . И додека чекаме снегот да се истопи и да го снема од улиците, не е лошо да се внимава на покривите и чатииите од каде демнат заледени грутки снег како и “наоштрените“ мразулци.

фото : Васко Бујароски