Со зголемувањето на температурите се зголемува и опасноста од предизвикување пожари на отворен простор. Поради тоа , Дирекцијата за заштита и спасување деновиве упати апел до граѓаните за внимателно однесување на отворен простор.
Оттаму предупредуваат да не се пали огон на отворени, необезбедени места и стрништа, да не се фрлаат стакленни шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад кои може да предизвикаат пожар, да не се фрлаат догорчиња од цигари и да не се пали отпад, но и да се ограничи непотребнбото движење на луѓето во шумите, посебно во реоните кои се најзагрозени од чумски пожар.
Ваквите мерки се вообичаени за периодот на зголемена опасност од пожари, кога често пати доаѓа и до намерно предизвикување пожар о дстрана на дрвокрадци или овчари кои ја поотпалуваат шумата за да си обезбедат поголема паша. Еден таков пожар неодамна беше подметнат на планината Петрино, а пожарникарите од Охрид огнената стихија ја ставија под контрола дури по 8 часа гаснење.