Американскиот софтверски гигант „Microsoft” од вчера, 8-ми април, ја прекинува техничката поддршка за оперативниот систем Windows XP и за пакетот на апликации Office 2003, јавува „Макфакс“. Од компанијата предупредуваат дека оперативниот систем кој беше лансиран пред 12 години повеќе нена да добива надградувања кои обезбедуваат заштита од вируси, надзирање и други закани.
Корисниците на Windows XP можат да продолжат да работат на оваа оперативна програма, но ќе бидат изложени на одредени ризици, бидејќи нема да има ажурирање на оперативниот систем, особено од аспект на безбедноста. Со ова тие ќе станат поподложни на дополнителните закани од кражба на идентитетот или анкарските информации. Последните неколку месеци бројот на нападите врз овој оперативен систем, според податоците на Microsoft, се зголемил за шест пати. Покрај тоа, се појавил и проблемот на компатибилност со современите уреди, а компанијата ризикува несупешна ревизија на системот.
Финансиските организации, чијашто работа е поврзана со банкарските картички, продолжувајќи да го користат застарениот систем, повеќе нема да бидат усогласени со барањата на меѓународните стандарди. Од друга страна повеќето банкомати работата на специјалната верзија Windows XP, чијашто поддршка ќе продолжи до 2016 година.
Експертите на Microsoft им препорачуваат на корисниците да преминат на новите верзии на оперативните системи – Windows 7 или Windows 8 и Windows 8.1. За полесно надградување, Microsoft заедно со сервисот Laplink ја подготви и алатката за бесплатен пренос на податоците PCmover Express, којашто копира датотеки и поставувања, вклучувајќи документи, музика, видео, електронска пошта и профилни информации од компјутер со Windows XP и ги пренесува на уред со новите верзии на платформи, Корисниците можат да избираат како податоци сака да пренесе при промената на оперативната програма. Компанијата има намера и да ги продолжи специјалните ценовни попусти за претставниците на средните и малите бизниси, а како и со попустите за приватните корисници.
Корисниците можат да проверат на која точно верзија на оперативен систем работи компјутерот на сајтот AmIRunningXP.com, кој доколку идентификува Windows XP покажува како да се ажурира оперативниот систем. Оние, пак, коишто не можат да се откажат од XP-то, експертите од лабораторијата ЕSET ги советуваат да ги инсталираат сите достапни надградувања, да го уредат вообичаеното резервно копирање на податоците (data backup) и да се обидат да направата резервна копија на други компјутери, коишто ќе ги ажурираат со легални апликации и антивирусен софтвер.
Според истражувањето на аналитичката агенција Telecom Daily, со застарениот оперативен систем функционираат речиси 42 отсто од компјутери на компаниите. Притоа, повеќе од 95 отсто од сите компјутери во организациите функционираат на основа на Windows.
Истражувањето, исто така, покажало дека само 63 отсто од корисниците на оперативната програма Windows XP се запознаени со прекинувањето на нејзината поддршка. Но новите лиценцирани оперативни програми од Windows веќе годинава планираат да минат повеќе од 40 испитаници. Според експертите, главните фактори коишто влијаат врз преминувањето се неусогласеноста на програмите и апликациите.
Оперативниот систем Windows XP беше лансиран на 25-ти октомври 2001 година, при што ознаката XP произлегува од англискиот термин experience – искуство (опитност). Платформата навистина остави импресивен впечаток кај корисниците, останувајќи до август 2012 година најмногу користениот оперативен систем.
До денес, според податоците на аналитичката компанија NetMarketShare, на Windows XP сѐ уште работат 27,7 отсто од корисниците на персоналните компјутери. Според овој показател платформата се повлекува пред Windows 7, на која отпаѓа 48,8 отсто од пазарот. Верзиите Windows 8 и Windows 8.1, пак, вкупно се присутни со 11 отсто од пазарот на персоналните компјутери.
OhridNews
извор:„Макфакс“