Организациите за заштита на потрошувачите во земјите од опкружувањето предупредија дека на пазарот се продава лимон од Турција кој е третиран со средство за прскање „фунгицид“, кое е опасно по здравјето на луѓето. Веста ја пренесоа речиси сите новински агенции во регионот.

На граѓаните им се препорачува задолжително да ја читаат декларацијата за потекло на лимонот, а доколку ја нема да побараат од продавачите истата да ја истакнат. 

На декларацијата на лимоните третирани со средства за прскање треба да стои предупредување дека кората не е за користење. Доколку пак истите се третирани со „фунгицид“ претстуваат сериозна опасност по здравјето на луѓето, затоа што ова средство продира во плодот и се смета дека е канцерогено, кај малите деца негативно влијае на нервниот систем, а кај возрасните на репродуктивните органи.

OhridNews