наместо шахта – саксија
наместо шахта – канта за отпадоци
Теоријата гласи дека: организирани групи, навечер, крадат метални предмети (поклопци, бисти, кабли итн.) и ги продаваат во старо железо, никогаш на локални откупни станици – мал град, сите се познаваат, туку да речеме, украденото од Охрид „оди“ Струмица, Велес или преку граница и обратно. Бизнисот „цветал“, од еден метален поклопец можело да се извлече до 300 денари. Потребно време да се украде – 2 минути. Easy money.
Оваа „појава“ тешко дека може да се искорени, не може секоја улица чувар да има. Сепак, отворените „рани“ на улиците нека се затворат со помалку вреден материјал (штици нпр.), за да не скрши нога некој.
С. Костоски