Ако добиете фајл со непозната содржина а од познат испраќач,  не го преземајте!

По се изгледа хакерите го пробија и скајпот, еден од најупотребуваните софтвери за комуникација помеѓу корисниците на интернет.

Деновиве се појави вирус кој од еден заразен компјутер автоматски испраќа заразени фајлови без знаење на испраќачот до сите корисници на ” Skype” кои испраќачот ги има во својот адресар (заразениот компјутер).

Работејќи на комјутер, наеднаш почнаа да ми пристигаат фајлови,насловени како “ Youre mother nacked”. Не се посомневав дека се работи за вирус , бидејќи ми го испрати колешка, а јас помислив дека се работи за новофодишна шега. Во истиот момент комјутерот сам почна да го испраќа документот на сите со кои контактирам. Покажуваше дека го испратил околу 400 пати.Беше ужасно,се отвараа интернет страни, се праќаа разни документи едноставно немав контрола над комјутерот. Веднаш го однесов да ми го средат. Сега се е  во ред, но непријатно е тоа што два дена ми се јавуваа луѓе на кои им бил испратен вирусот , а јас останав без сите мои документи, вели една наша читателка.

Бев изненаден, бидејќи барем досега немав  проблем со Skype – програмата. Вирусот сепак не ми направи некои покрупни проблеми на мојот PC. По вообичаеното скенирање и чистење, само го преинсталирав од ново. Сега за сега функционира одлично“, вели Иван.

Компјутерските инженери советуваат да не се отвараат фајлови без да се праша испраќачот со каква содржина е и дали тој го испраќа. Напоменуваат дека во текот на последните неколку денови имале повеќе 100 повици за да им се помогне.Тие препорачуваат да не се прават обиди за самосредување на компјутерот бидејќи последиците можат да бидат големи и да се уништи дел од комјутерот кој чини и до 500 евра.

Во софтверите за комуникација често се уфрлуваат вируси, но скајпот досега важеше за најбезбеден начин на интернет-комуникација преку кој може да се врши текстуална, гласовна и видео-конверзација.

Корисниците на интернет се исплашени од наездата на фајлови со непозната содржина и се надеваат оти овој проблем веќе го имаат регистрирано од интернет компанијата „Skype Limited” во чија сопственост е „Skype” и ги имаат преземено сите неопходни мерки.

A.Р.