Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека дека при дејствувањето врз олујно – градоносните облаци со противградобијни ракети, во текот на целата година можна е појава на одредени неуништени ракети или делови од нив и оти тие претставуваат потенцијална опасност за сите нестручни лица кои би дошле во контакт со нив.
Од тие причини, Управата за хидрометеоролошки работи, ги предупредува сите граѓани на Република Македонија, кои ќе дојдат во контакт или пронајдат такви средства и предмети, да не ги допираат, туку за тоа веднаш да ја известат најблиската станица на МВР или Радарскиот метеоролошки центар на нивната територија.
Одбраната на Републиката од град со ракетен систем секоја година се спроведува во периодот од 15 април до 15 октомври.
Затоа отворете очи.
Г.М.