Бетонските жардињери поставени во средината на булеварот „Туристичка“ кријат сериозна опасност по граѓаните кои често ги прескокнуваат за да ја преминат сообраќајницата.
опасен нелегален премин
На потегот кај мини базарот на „Гранит“ наспроти ОУ „Григор Прличев“ оштетени се две жардињери каде нема зеленило и земја, туку дупки длабоки околу 2 метри. Иако тој дел од булеварот служи само за естетско одделување на коловозните ленти голем број граѓани, а особено деца(во близина е ОУ „Григор Прличев) неразмислувајќи многу за опасноста прескокнуваат преку жардињерите за да ја минат улицата. Неретко тоа го прават и ноќе што дополнително ја зголемува опасноста некој да настрада во длабоките дупки.
преминувањето преку жардињерите на Туристичка е опасно
Би било добро пред некој сериозно да се повреди дупките да бидат санирани, или барем да бидат соодветно затворени.
Г. Момироски