Под влијание на топол бран денеска и утре максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Во Охридскиот регион температурата ќе достигне до 32 степени Целзиусови.
Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Исклучително висок ќе биде и УВ индексот на зрачење, кој ќе изнесува 9, предупредува Управата за хидрометоролошки работи – УХМР.
Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
OhridNews