Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално, без забрани по суви и чисти коловози.

На возачите им се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност, прилагодена брзина и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува низ клисурите и планинските превои, поради можна појава на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци: Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Гостивар – Маврово – Дебар – Струга. Интензитетот на сообраќај е зголемен надвор од градските средини, особено на патните правци кон туристичките места.

OhridNews