Врнежите од снег кои во текот на ноќта и утрово го зафатија Охридскиот регион предизвикаа вообичаени проблеми во сообраќајот. Иако службите задолжени за расчистување на снегот постојано се на терен, на коловозите има остатоци од снег и мраз, поради што се препорачува внимателно возење.

На автопатот во изградба Охрид – Кичево речиси сите знаци кои ги означуваат градежните зони се паднати и се незабележливи во снегот, предупредуваат возачаи кои утрово се движеле по оваа делница.

Според најавите врнежите од снег ќе продолжат и во текот на денот.

OhridNews