Помеѓу 300 и 500 навивачи и околу 30 новинари од Норвешка ќе пристигнат во Скопје за саботниот натпревар со Македонија во рамки на квалификациите за СП 2010.
– Очекуваме од 300 до 500 норвешки навивачи, за кои ќе биде резервирана источната трибина на стадионот „Филип Втори“, изјави за Макфакс, портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Зоран Николовски.Тој додаде дека се акредитирани вкупно 31 новинари, како и радио и телевизиски коментатори од Норвешка.За саботниот квалификациски натпревар се акредитирани и десетина новинари од Шкотска, Германија и други земји.
Актуелни се написите во најтиражните весници во Норвешка ВГ и Афтенпортен:- „Внимателно со Лилипутанците“ и „Ќе се бориме против ѕвездата на Лацио (Горан Пандев)“.
Во извештајот на весникот ВГ, Македонија е претставена со старото државно знаме со сонцето од Вергина.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com