Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информираат иод АМСМ.

Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози и остатоци од кашест снег на повисоките места. Врнежи од снег се бележат на Маврово, Попова Шапка, Стража, Буково, Ѓавато и Крушево.

Граѓани кои вечерва патуваа преку планинскиот превој Стража се пожалија дека коловозите не се исчистени, а на патиштата има заглавени камиони што го отежнува одвивањето на сообраќајот.

OhridNews