Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата и се одвива отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози поради повремени врнежи од снег, особено во западните делови, информираат од АМСМ.

Забрана за движење на тешките товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево преку Стража и на Крак Маврово-Дебар што беа воведени, се укинати.

На сите возачи на ваквите услови за сообраќај им препорачуваме исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на лизгавите коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Можна е појава на одрони на патните правци кои минуваат низ клисурите. Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини.

OhridNews