Најдобра заштита од УВА зраците е сопствениот пигмент. Под дејство на сончевите зраци меланозомите кои се наоѓаат во дермот се стимулираат и со нивното активирање се создава пигментацијата, преку која кожата се штити од сончевите зраци.
Кремите за сончање со заштитен фактор треба да се нанесуваат еден час пред изложувањето на сонце. Доколку подолго време сте надвор задолжително треба да се нанесуваат неколку пати во текот на денот. Во спротивно, се создава лажна сигурност дека сте заштитени и при тоа лесно може да се случи да се здобиете со опекотини.